Денеска на Европското првенство Б-дивизија во Скопје е слободен ден и можност за репрезентациите да направат анализа на досега сработеното и остварено.
Исто така, слободниот ден е шанса да се направи осврт на статистиката. Таа вели дека македонската селекција има двајца меѓу најдобрите петмина скокачи во досегашниот дел од првенството. Станува збор за Амар Хот и Теодор Симиќ кои се наоѓаат на делба на четвртото место во оваа статистичка категорија, со по 9,5 скока по натпревар. Со оглед на тоа што Македонија досега одигра само два меча, двајцата заостануваат зад лидерот Џејмс Оконкво од Велика Британија кој има вкупно 33 скока, а нашите играчи се на кота 19.
Македонската репрезентација утре ја очекува клучниот натпревар од групната фаза, против Бугарија на кој е неопходна победа со најмалку четири поени разлика.