Одличниот настап на Амар Хот на Европското младински првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје, предизвика интерес за него од многу домашни и странски клубови.
Покрај понудата од Црна Гора, КОШ.МК дознава дека заинтересиран за него бил и шпанскиот прволигаш Гранада и тоа лично преку тренерот на оваа екипа Пабло Пин. Тој имал директен разговор со потенцијалниот македонски сениорски репрезентативец, поднел и конкретна понуда за преселба на Хот во овој клуб. За жал, преговорите пропаднале поради здравствени проблеми на крилниот играч кој во новата сезона многу веројатно ќе остане во Македонија.
Хот имаше одличен настап на Европското младински првенство на кое беше еден од носителите на играта на македонската репрезентација. Просечно постигнуваше по 7,7 поени и 10,9 скока, а нашите младинци го освоија сребрениот медал и обезбедија пласман во А-дивизијата.