Хрватскиот џин, од Куманово на проба во Кожув

0Shares
0 0

Младиот хрватски центар Срѓан Лаловиќ по само еден натпревар го напушти Куманово и во следниот период ќе се бори за место во екипата на Кожув.

За кумановци одигра само еден меч, против Ангели и не ги задоволи критериумите иако се работи за кошаркар висок 214 сантиметри, со претходно искуство од Игокеа. Во Гевгелија се очекува да пристигне во текот на утрешниот ден и најверојатно од понеделник ќе почне со тренинзи во составот на Перо Блажевски.

Што се однесува до Куманово, екипата се стабилизираше и на играчки и на финансиски план последните недели, а во финишот од есенската полусезона оствари три победи на финалните четири меча. Со заминувањето на Лаловиќ се отвора место за уште еден странец кое раководството и стручниот штаб ќе се обидат да го пополнат со квалитетен играч.

0Shares
0 0