Хувентут му даде 102 поена на евролигаш, Нено блескаше

0Shares
0 0

Екипата на Хувентут е чекор поблиску до обезбедување пласман во плеј-офот, по триумфот против Валенсија на гостински терен со 102-89.

Валенсија се бори за место меѓу осумте најдобри во Евролигата, што му дава дополнителна тежина на триумфот на каталонскиот клуб. Хувентут ги доби сите четири четвртини, а во последниот период имаше водство и од 20 поени разлика.

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар, против несудениот клуб со кој беше поврзуван пред крајот на минатата сезона. За 17 минути постигна 13 поени (5/7 за два, 3/4 од линијата за слободни фрлања), плус два скока и седум асистенции за индекс 17.

0Shares
0 0