И без најдобриот играч, Србија повторно е европски шампион

0Shares
0 0

Српската 3х3 репрезентација ја одбрани титулата на Европското првенство што од 10 до 12 септемвр се одржа во Париз.

До неа стигна и без најдобриот баскетчија на сите времиња Душан Домовиќ Булут кој по Олимписките игри во Токио замина да гради кариера во САД. На ова првенство за Србија играа Дејан Мајсторовиќ, Мирослаг Пашаљиќ, Александар Ратков и Михаило Васиќ.

Во полуфиналето, Србија ја совлада Русија со 18-13, а во полуфиналето беше подобра од Литванија со 20-14. Во мечот за третото место Полска триумфираше против Русија со 19-18 и го освои бронзениот медал. Пашаљиќ беше прогласен за МВП на турнирот.

Во женска конкуренција, титулата ја освои Шпанија која во финалето ја победи Германија со 16-12.

0Shares
0 0