И Дурант се откажа од Ирвинг

0Shares
0 0

Како што се ближи почетокот на сезоната, станува јасно дека Бруклин ќе биде без една од трите мега ѕвезди во тимот.

Кајри Ирвинг упорно одбива да се вакцинира, а ако не го направи тоа, не смее ни да тренира, ни да игра за својот тим. Тренерот Стив Неш повеќе не го ни спомнува плејмејкерот, но од Ирвинг се откажа и најдобриот играч во екипата Кевин Дурант.

„Што да правам, да полудам? Нема шанси да го премисли некој, па сега, да му дозволиме да го спознае тоа што треба и екипата да сфати што ѝ недостасува. Не сум зборувал со него од вторникот, тешко е да се разбере каде оди со ова што го прави. Ова не е идеална ситуација за почетокот на сезоната, н се е надвор од наша контрола. Би сакал Кајри да беше на наша страна бидејќи така ништо од ова немаше да се случи“, изјави Ирвинг.

Бруклин ја отвора новата сезона во НБА, со дуелот против шампионот Милвоки, в среда од 1:30 часот по средноевропско време. Извесно е дека на овој дерби дуел, во екипата нема да биде Ирвинг.

0Shares
0 0