Естонската кошаркарската репрезентација вчера ги почна подготовките за олимписките претквалификации во Талин идниот месец, но уште на стартот, селекторот Јука Тојала се соочи со големи проблеми.
Настапот на турнирот го откажаа шестмина кошаркари, кој од кој поважен и постандарден во националниот тим. Станува збор за: Маик Калев Котсар, Слим Сандер Вене, Кристијан Китсинг, Јанари Јесар, Мартин Дорбек и Стен Сок. Во рамките на подготовките, Естонците ќе одиграат три пријателски натпревари и тоа на 3 и 4 август против Унгарија и на 9 август против Финска.
Естонија е еден од противниците на Македонија на претстојните претквалификации за Олимписките игри во 2024 година. Дуелот на овие две репрезентации е закажан за второто коло, на 13 август во 18 часот.