И ФИБА му оддаде признание на Теодор Симиќ

0Shares
0 0

Новото чудо од дете на македонската кошарка е еден од десетте млади играчи кои го одбележаа првиот квалификациски „прозорец“ на ФИБА што се одржа пред крајот на ноември.

Тој имаше забележителен настап на дуелите со Шпанија и Украина на кои просечно настапи по безмалку 15 минути.

„Симиќ е најмлад играч на листата. Покажа дека нема страв во дресот на македонската репрезентација на интернационална сцена. Кошаркарот на Барселона играше по 14,7 минути на двата меча, но остави трага со 18. поени против Шпанија и 75% на шут од поле. Тинејџерот формира фантастичен тандем под кошевите со Џејкоб Вајли, а двајцата се единствени кошаркари на македонската репрезентација кои имаа просек од над 10 поени на двата натпревара кои Македонија ги загуби“, се вели во анализата на ФИБА.

Покра Симиќ, во ова одбрано друштво се наоѓаат уште: Филип Петрушев од Србија, Александар Балчеровски од Полска, Микаел Јантунен од Финска, Роко Пркачин од Хрватска, Јам Мадар од Израел, Јустус Холац од Германија, Кеје ван дер Вурст де Фрис од Холандија, Кенан Камењаш од БиХ и Емил Стоилов од Бугарија.

0Shares
0 0