И Кармело Ентони се сели во Тајван!?

0Shares
0 0

Легендарниот НБА кошаркар Кармело Ентони би можел да биде следниот што својата кариера ќе ја продолжи или заврши во првенството на Тајван.

Неодамна таму замина Двајт Хауард, а веднаш потоа се јавија клубови кои сакаат да ангажираат НБА ѕвезди на залезот на кариерата. Интерес за Мело покажа Тајнан Гоустхоукс чиј тренер Лиу Менг Чу откри дека веќе е воспоставен контакт со претставници на кошаркарот. Ентони има 38 години, претходната сезона ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, но не се прослави, како и остатокот од екипата која не успеа да се пласира во плејофот.

Тајванската Т1 лига е формирана минатата година, исто како и шесте екипи кои, засега, се натпреваруваат во неа. Интерес од тамошни клубови има и за Ајзеа Томас и Енес Кантер.

0Shares
0 0