И Леброн потклекна пред короната

0Shares
0 0

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не беше на паркетот на синоќешниот натпревар против Сакраменто, а причина за тоа е позитивниот наод на корона тестот.

Поради протоколот на НБА, прво беше ставен во изолација, а потоа беше утврдено дека ќе мора да паузира во следните десетина дена што значи дека повторно ќе пропушти неколку натпревари на својот тим. Последните информации се дека Леброн нема симптоми и се чувствува добро, но секако ќе треба да биде извесен период во изолација.

Ова е трета пауза за него оваа сезона откако претходно имаше повреда, а потоа и суспензија поради инцидентот со кошаркарот на Детроит, Стјуарт.

0Shares
0 0