И Пау Гасол ќе добие свој документарен филм

0Shares
0 0

По примерот на „Последниот танц“, посветен на Мајкл Џордан, наскоро ќе почне снимање на документарен филм во чест на најдобриот шпански кошаркар на сите времиња.

Ќе го прави каталонска копродукција, на чело до режисерот Ориол Бош кој веќе има искуство од вакви филмови бидејќи го правеше оној за поранешниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста. Ќе има четири продолженија, а ќе ја опфати целокупната играчка кариера на Пау Гасол, двоен освојувач на титулата во НБА лигата со Лос Анџелес Лејкерс, шесткратен Ол стар и освојувач на титули на европските и светските првенства.

Документарниот филм веќе е во фаза на снимање, а премиерата се очекува претстојната есен. Гасол неодамна се врати во својот матичен клуб Барселона и неделава треба вторпат да дебитира за каталонскиот гигант.

0Shares
0 0