И пионерите на МЗТ Скопје на турнир на EYBL, во Будимпешта

0Shares
0 0

Заедно со младинските екипи на Партизан Водно Санс и Вардар, како и јуниорите на МЗТ Скопје, викендов меѓународен настап ќе имаат и пионерите на клубот од Аеродром, кошаркари родени 2009 година и помлади.

Викендов тие ќе учествуваат на првиот турнир од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) што ќе се одржи во Будимпешта. Во рамките на групата Б во која се наоѓаат младите „штркови“, утре ќе играат со Див Баскет од Србија и Баерн Минхен од Германија, а в недела со Пантер од Црна Гора и Дан Дачијан од Романија. Во конкуренција се уште Хонвед и МАФЦ од Унгарија, Пескара од Италија и Петролул од Романија.

Младите кошаркари на МЗТ Скопје, предводени од Тео Митевски и Мартин Анчевски, ќе имаат незгоден распоред бидејќи сите четири натпревари ќе ги играат во два дена. Утре од 11 и 21 часот се среќаваат со Див Баскет и Баерн, а в недела од 9 и 13 часот со Пантер и Дан Дачијан.

0Shares
0 0