За две недели почнува новата клупска сезона, а по се изгледа во Партизан ќе останат старите навики.
И покрај тоа што клубот значително ги зголеми цените на билетите, 11.089 сопственици од минатата сезона ги обновија своите влезници. Тие ја искористија можноста по повластена цена да ги обноват билетите и со тоа исполнија повеќе од половина Арена.
Лани беа продадени 11.500 сезонски влезници, а сега сигурно таа бројка ќе биде надмината бидејќи утре треба да почне слободната продажба. Според проекциите, нема да биде изненадување ако бројката стигна до 14 илјади билети што ќе биде апсолутен европски рекорд.
Минатата сезона, навивачите на Партизан повеќе пати го соборија рекордот на посетеност во Евролигата, па ќе се обидат и претстојната да го продолжат тој тренд.