Како што најави КОШ.МК минатата недела, по пауза од шест години, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб се враќа во натпреварувањата на ФИБА.
Како и во 2017, Работнички повторно ќе учествува во квалификациите за ФИБА Европа купот со што ќе го означи своето враќање на меѓународна сцена, но и надвор од регионални рамки со оглед на тоа што пред три сезони учествуваше во АБА 2 лигата. Својот противник во квалификациите, Работнички ќе го дознае на ждрепката што ќе се одржи во текот на јули.
Покрај клубот од Градски парк, учеството во истото натпреварување го потврди и Феникс.