Идејата на Фил Џексон што ги шокира фановите на Лејкерс: Трејдувајте го Леброн, задржете го Вестбрук…

0Shares
0 0

Освојувачот на 11 титули во НБА од кои пет со Лејкерс, Фил Џексон им приреди изненадување на навивачите на оваа франшиза со својот предлог.

Трофејниот стручњак ќе биде вклучен во процесот на селекција на нов тренер, а додека трае сето тоа, изјави нешто со што многумина не се согласуваат. Џексон предложи да биде трејдуван Леброн Џејмс, а уште пошокантно е тоа што порача дека треба да остане Расел Вестбрук.

Вестбрук беше донесен лани со надеж дека ќе придонесе екипата да се врати во трката за шампионската титула, но место тоа, Лејкерс останаа и без пласман во плејофот. Делумно, тоа се должи на неколкуте паузи токму на Леброн Џејмс кој доживеа неколку повреди што го оддалечија од терените, а во тие периоди екипата забележа многу слаби резултати.

0Shares
0 0