ИГРАЧ НА 8. КОЛО – Ејасу Ворку (Гостивар)

0Shares
0 0

Иако неговиот тим загуби, Ејасу Ворку на дуелот против МЗТ Скопје го одбележа осмото коло, па можеби и досегашниот дел од сезоната во македонското првенство.

Тој е првиот играч што успеа да оствари трипл-дабл во оваа натпреварувачка кампања и прв во историјата кој такво нешто направи против осумкратниот шампион на Македонија. Одмори само осум секунди од тој натпревар и постигна 23 поени, плус 11 скока и 11 асистенции, а додаде уште четири украдени топки и шест изнудени лични грешки и загуби само една топка.

Единствениот елемент во неговата игра кој не функционираше во „Јане Сандански“ беше шутот за тројка бидејќи од осум обиди, погоди само еднаш. На крајот оствари индекс 38.

Изданието против МЗТ Скопје беше само потврда на квалитетот на плејмејкерот на Гостивар кој оваа сезона игра фантастично во дресот на македонскиот прволигаш. Тоа и не е нешто ново, гостиварци секогаш знаеле да изберат добри странски кошаркари.

ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ:
Недим Мустафица (Работнички) – 23 поени, 8 скока
Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП – 11 поени, 12 скока
Ајзеа Мандерсон (Ангели) – 22 поена, 14 скока
Куртис Џонс (Феникс) – 30 поени
Амир Смит (ТФТ) – 16 поени, 12 скока
Кирил Николовски (Кожув) – 26 поени, 7 скока
Кахим Рансон (МЗТ Скопје УБ) – 32 поена, 12 асистенции
Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел) – 21 поени, 9 скока
Стеван Глигоријевиќ (Куманово) – 18 поени, 12 скока

НАЈДОБРИ ПО КАТЕГОРИИ:
ПОЕНИ: Кахим Рансом (МЗТ Скопје УБ) – 32
АСИСТЕНЦИИ: Чаз Вилијамс (Кожув), Кахим Рансом (МЗТ Скопје УБ) – 12
СКОКОВИ: Ајзеа Мандерсон (Ангели), Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје) – 14
ИНДЕКС: Кахим Рансом (МЗТ Скопје УБ) – 40
УКРАДЕНИ ТОПКИ: Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел), Ејасу Ворку (Гостивар) – 4
БЛОКАДИ: Амир Смит (ТФТ), Џошуа Нурс (Кожув) – 3

*НАПОМЕНА: Играчот на колото, КОШ.МК не го бира само врз основа на индексот, туку и на други параметри како важност на натпреварот, квалитет на противникот итн.

фото: PROCAM PRODUCTION

0Shares
0 0