Вистинско чудо се случи вчера во Струга каде Црн Дрим го победи Феникс со 94-90 во М14 лигата на Македонија.
Во центарот на вниманието беше играчот на домашниот тим Дион Шабани кој постигна 88 поени или 94% од вкупниот број на својата екипа. Интересно е тоа што во втората четвртина, негово дело беа сите 20 поени на Црн Дрим кој со вчерашната победа се искачи на првото место на табелата.
Шабани е еден од најголемите таленти на негова возраст во земјава и дел од проектот М16 на Кошаркарската федерација. Неговиот ефект, сепак, не е рекорд во македонската кошарка бидејќи играчот на Водно Санс, Даниел Бутемер лани реализира 105 поени на натпревар од младинските лиги, но во повисоките категории од Шабани.