Играч на Партизан Водно Санс на проба во Италија

0Shares
0 0

По одличната сезона во домашното кадетско првенство, како и во EYBL лигата, неколку кошаркари на Партизан Водно Санс би можеле да заминат во странство претстојното лето со што скопскиот клуб ќе ја продолжи практиката воспоставена уште пред една деценија.

Последните денови, на проба во италијанскиот тим Аурора Баскет Јеси се наоѓа потенцијалниот кадетски репрезентативец Дамјан Ивановски. Станува збор за еден од најдобрите играчи на Партизан Водно Санс во генерацијата 2007, избран во идеалната петорка на Суперфиналето од EYBL што се одржа минатиот месец во Финска. Висок е 197 сантиметри и засега игра на позициите 3 и 4.

Аурора Баскет Јеси е позната кај нас по тоа што таму се наоѓа уште еден македонски кошаркар – младинскиот репрезентативец Резарт Мемед кој со голем успех ги брани боите на оваа екипа и зад него е одлична сезона.

0Shares
0 0