Новото засилување на Пелистер, Јуре Планиниќ го доби признанието за најкорисен играч во четвртото коло од АБА 2 лигата.
Тој е прв кошаркар на една македонска екипа со вакво признание сезонава, а интересно е тоа што до него стигна со најнизок индекс досега – 36. На мечот против ТФТ, Планиниќ постигна 23 поени со само едно промашување од игра (8/9), а додаде уште 14 скока, пет асистенции и седум изнудени лични грешки.
Планиниќ го засили Пелистер кон крајот на минатиот месец и турнирот на Златибор е прв за него во АБА 2 лигата откако го пропушти оној во Суботица во октомври.