По плејмејкерот Колин Слејтер, екипата на Кожув денеска го договори и српскиот центар Душан Хукиќ кој требаа да биде големо засилување за тимот под кошевите.
Се работи за 30-годишен кошаркар, висок 210 сантиметри кој последната сезона ја поминал во редовите на словачкиот прволигаш Приевидза. На 31 натпревар во тамошното првенство, Хукиќ просечно постигнувал по 10,1 поен и 4,4 скока, а со својата екипа стигна до четвртфиналето на плејофот.
Хукиќ е вкупно трето засилување за Кожув за новата сезона бидејќи пред Слејтер, гевгеличани го вратија и ветеранот Димитар Караџовски.