Играч преку Твитер им се нуди на Лејкерс

0Shares
0 0

На почетокот од подготовките за новата сезона, американските медиуми шпекулираа дека Џејмс Енис ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс откако му истече договорот со Орландо чиј член беше последната година.

Сепак, на една недела пред стартот на новото издание на НБА лигата, Енис и натаму е слободен играч. Тотално во очај, одлучи преку Твитер да им се обрати на Лејкерс да му понудат договор, со образложение дека добро игра одбрана. Потоа дополни дека не моли никого, туку само зборува факти.

Неговиот потег доаѓа по повредите на Тревор Ариза и Тајлер Хортон Такер кои ги очекуваат операции, со што се намали ростерот на Лејкерс пред новата сезона.

Енис влезе во НБА лигата во 2014 година преку Мајами Хит, а подоцна играше и за Мемфис, Њу Орлеанс, Детроит, Хјустон и Филаделфија.

0Shares
0 0