Лос Анџелес Лејкерс во петокот гостуваше во Портланд, а мечот против Блејзерс имаше жестока увертира.
Присутните во арената Мода центар морале да биде евакуирани бидејќи во близина дошло до пукање. Со оглед на тоа што инцидентот се случил на околу еден час пред натпреварот, на трибините немало мнмогу присутни, но според протоколот, сите биле изнесени надвор, а Лејкерс ги прекинале сите активности и играчите се префрлени во сигурно подрачје.
Причината за сето ова е кавга меѓу маж и жена во преносен тоалет кој се наоѓал покрај шалтерот за продажба на влезници пред арената. Како што известила полицијата, мажот испалил куршум и се заклучил во тоалетот, додека жената избегала без повреди. Брзо по инцидентот, полицијата го уапсила напаѓачот.
Тоа не им попречи многу на Лејкерс кои го победија Портланд со 107-95 и во НБА купот сега имаат 3-0.