Американскиот интернационалец Шон Арманд е најново засилување за Олимпија за новата сезона во која словенечкиот тим ќе има уште повисоки амбиции.
Арман потпиша договор на една година откако минатата сезона ја помина во египетското првенство и во тимот на Автодор од Русија. Претходно играл за Фуенлабрада, Франкфурт, Истанбул ББ, Газиантеп, Зенит, Елан Шалон итн.
„Воодушевени што во нашите редови донесовме играч како Шон Арманд кој има искуство од играње во неколку различни лиги во Европа. Секаде се покажа како одличен реализатор, но и кошаркар кој може да игра на сите три надворешни позиции. Минатата сезона имаше проблеми со повреди кои го оддалечија од терените, па затоа во Љубљана доаѓа максимално мотивиран да покаже дека го заслужил својот углед“, изјави спортскиот директор на Олимпија, Владо Илиевски.
Арманд е десетто засилување за Олимпија која во новата сезона ќе биде предводена од трофејниот италијански стручњак Симоне Пјаниџани.