ИЛИЕВСКИ: Мило ми е што Пелистер покажува дека станува фактор во оваа лига

0Shares
0 0

Македонскиот вицешампион Пелистер го доживеа првиот пораз оваа сезона во АБА 2 лигата, но тоа не го разочара тренерот Марјан Илиевски.

Трофејниот стручњак е задоволен од прикажаното во Сараево и смета дека детали го одлучиле победникот на денешниот натпревар против Широки.

„Натпреварот од почетокот покажа дека ќе биде израмнет иако имавме подобро отворање. Направивме мали грешки поради кои противникот не стигна. Мило ми е што Пелистер веќе покажува дека е некој фактор во оваа лига бидејќи билансот 2/0 од првиот турнир го принуди противникот да не се опушта во текот на сите 40 минути.

Единствената замерка за играчите ми е отворениот шут за тројка, во се друго бевме подобри од Широки и сакам да им честитам на моите кошаркари“, изјави Илиевски.

0Shares
0 0