Легендата на македонската кошарка Владо Илиевски официјално го завврши својот претседателски мандат во Кошаркарскиот клуб Илирија, а за негов наследник е избран Марин Рибач.
Како тренер на тимот останува Стипе Модриќ, а во клубот ќе продолжи да работи и таткото на Лука Дончиќ, Саша кој му беше соработник и близок пријател на Илиевски. Уште минатата недела, словенечките медиуми објавија дека следна станица на струмичанецот ќе биде Олимпија каде ќе го замени Сани Бечировиќ на позицијата спортски директор и се чека само официјалниот крај на сезоната за тоа да биде официјално потврдено.
Олимпија ја очекува полуфиналната серија од АБА лигата против Партизан и финалето на домашното првенство против Крка или Хелиос Санс. Веднаш потоа ќе следуваа драстични измени, како на позицијата спортски директор каде треба да дојде Илиевски, така и на тренерската функција каде се очекува да биде ангажиран трофејниот италијански стручњак Симоне Пјаниџани.