Илиевски открива: Кој го измисли изразот „Леле, луѓе, што направивме“…

0Shares
0 0

На десетгодишнината од најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен спорт, главниот протагонист во победата против Литванија, Владо Илиевски ја раскажува приказната за тоа како дошло до неговата легендарна изјава.

Непосредно по тој триумф, струмичанецот се обрати преку телевизијата Сител која вршеше директен пренос од натпреварот и го изговори она „Леле, луѓе, што направивме, радувај се Македонијо!“. Фразата си има своја историја.

„Емоциите беа енормни по таа победа, тотален делириум, главата ми ѕвонеше. Кога ме викна новинарот Игор Трпески за изјава, првото што ми дојде на памет беа зборовите кои многу често ги изговараше Тодор Гечевски во моменти кога ќе направевме нешто големо, важно, без разлика дали е негативно или позитивно, на терен или надвор од него.

Секогаш имаше навика да каже: Леле, луџе, шо направииме (на кавадаречки). Јас само го променив во „леле, луѓе, што направивме“, ама во принцип тоа е истото. Она „радувај се, Македонијо“ беше мое, од срце бидејќи тоа е нашата држава, ми беше мило за сите навивачи кои беа со нас во Литванија, за оние кои не чекаа дома и славеа…“, се присетува Илиевски.

Неговото, но и сведоштва на другите актери од Еуробаскетот во Литванија ќе се најдат на документарниот филм кој наскоро ќе биде промовиран.

0Shares
0 0