Со видливи промени во организацијата и со присуство на новиот спонзор на клубот, компанијата Task Force од Битола, вицешампионот на Македонија во кошарка, Пелистер од Битола ги започна подготовките за новата сезона. На официјална прес-конференција, тренерот Марјан Илиевски ја отвори својата четврта сезона во Битола со комплетно нов ростер.
„За жал мораме да создадеме нов ростер. Ќе имаме десет нови кошаркари, од ростерот остануваат Андреј Маслинко, Иван Сапунџиев и Дарко Најдовски. Донесовме двајца американски кошаркари, Бернард и Банди, а ќе ангажираме уште двајца странски кошаркари. Нема да биде лесно да се воиграме, но верувам дека ќе направиме хемија во тимот.
Ќе ги поканам сите љубители на кошарката да нè посетат во спортската сала „Боро Чурлевски“ и да ни дадат поддршка за тоа што претстои. Верувам дека обединети, со акционерот Општина Битола, спонзорот Task Force, нашите навивачи и овој спортски град, ќе можеме да ги исполнеме зацртаните цели“, рече тренерот Марјан Илиевски.
Трета сезона по ред Пелистер ќе ја претставува Македонија во АБА2 лигата, со тоа шта сега наместо еден. ќе има два македонски ривали – ТФТ Скопје и МЗТ Скопје.