Имало обид за тепачка во Партизан, затоа е сменет капитенот!?

0Shares
0 0

Раде Загорац не беше капитен на Партизан на мечот со Лиеткабелис, а не доби ни секунда во игра иако беше во протоколот.

На прес-конференцијата по тој натпревар, Жељко Обрадовиќ само кратко изјави дека одлуката за промена на капитенот е лично негова, без да даде конкретно објаснување што се случило. Српските медиуми во меѓувреме откриле дека причината е инцидент на еден од тренинзите пред тој натпревар.

Наводно, во главна улога биле Загорац и Родионс Курукс кои толку се закачиле што нивното препукување било на раб на тепачка. Морале да реагираат другите играчи за да го спречат тоа. И Летонецот беше во протоколот против Лиеткабелис, но не влезе во игра.

И Загорац и Курукс во досегашниот дел од сезоната не беа на посакуваното ниво, па медиумите во Србија тврдат дека нема да биде чудо ако двајцата бидат отпуштени наскоро иако Обрадовиќ најави дека не е исклучено да добијат шанса на следните натпревари.

0Shares
0 0