Во екот на борбата на шампионската титула во НБА лигата, неочекувано главна вест стана желбата на Кајри Ирвинг, во Далас Маверикс да дојде неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс.
Според американскиот новинар Шемс Чаранија, Ирвинг упатил порака до менаџментот на франшизата да направат се што е потребно, односно да се откажат од неколку играчи за да го добијат Леброн. Интересно е тоа што искусниот плејмејкер ги дава овие совети со статус на слободен играч и при неизвесност дали воопшто ќе биде дел од Далас идната сезона. Негова голема желба е со Леброн и Лука Дончиќ да формираат „голема тројка“ која ќе се бори за титулата во НБА.
Многумина во ова видоа обид на Ирвинг да го привлече врз себе вниманието на луѓето од Лејкерс и да си избоксува договор со тимот од Лос Анџелес за што претходниот период многу се шпекулираше.
Сепак, од Лос Анџелес само кратко порачале дека не се заинтересирани за трејд на Леброн, освен ако во замена го добијат најдобриот играч на овој тим Лука Дончиќ.