И покрај интересот од Феникс Санс и Хјустон Рокитс, контроверзниот Кајри ирвинг одлучи да остане во тимот на Далас Маверикс.
На почетокот од преодниот рок, тој потпиша нов, тригодишен договор со франшизата од Тексас за вкупно 126 милиони долари. Тоа значи дека и во иднина ќе биде покрај Лука Дончиќ со кого ќе се обиде да влезе во трката за шампионската титула во НБА лигата.
Ирвинг дојде во Далас во февруари од Бруклин Нетс и во продолжение од сезоната просечно постигнуваше по 27,1 поен, 5,5 асистенции и 5,1 скок.