Искусен Србин доаѓа во Струмица

0Shares
0 0

По петте нови кошаркари кои ги објави во текот на викендот, Струмица денеска потпиша договор со српскиот интернационалец Светозар Стаменковиќ.

Тој се враќа земјава по година и пол откако во сезоната 2020/21 го носеше дресот на Црн Дрим. Одигра само пет натпревари за тогашниот прволигаш со ефект од 14 поени, 6,2 скока и 2,4 асистенции.

Стаменковиќ е трет странец во тимот на Струмица по турскиот интернацоналец Ефе Бешок и Србинот, Стефан Крстајиќ.

0Shares
0 0