По се изгледа, Џејмс Харден во новата сезона нема да биде играч на Филаделфија 76 бидејќи неговиот однос со претседателот Дерил Мори е многу лош.
Како резултат на тоа, искусниот плејмејкер веќе почна со притисокот врз франшизата, барајќи да биде трејдуван пред почетокот на новата сезона. Ова не му е првпат во кариерата да се однесува на овој начин, истото го правеше додека играше во Хјустон, потоа и во Бруклин од каде дојде во Филаделфија.
James Harden has removed his 76ers affiliation from his bio 👀 pic.twitter.com/dZeuzMZxgH
— Sixerdaily (@Sixerdaily) July 19, 2023
Колку Харден е решен да го напушти тимот, најдобро зборува неговата одлука да го избрише податокот дека е играч на Филаделфија 76 од својот профил на Инстаграм.