Историја во босанската кошарка: Телетовиќ заигра во иста екипа со 13-годишниот син

0Shares
0 0

Босанскиот второлигаш Турбина оствари убедлив триумф против Бошњак со 126-77 во Втората лига на БиХ, но натпреварот го одбележаа претседателот на Кошаркарската федерација на оваа земја Мирза Телетовиќ и неговиот син Бенјамин.

Мирза неодамна се реактивира и заигра за својот матичен клуб од Јабланица, а си го оствари и сонот да настапи заедно со Бенјамин кој има само 13 години. Постариот Телетовиќ беше убедливо најдобар играч на мечот со 38 поени, но не се посрами ниту неговиот син.

Иако едвај тинејџер, тој заврши со 11 поени, вклучувајќи три тројки од исто толку обиди.

0Shares
0 0