Белгиската репрезентативка Ема Месеман денеска оствари историски подвиг откако стана првата кошаркарка во историјата со трипл дабл на натпревар од Европско првенство.
Нејзе, тоа и успеа во дуелот против Србија на кој Белгија триумфираше со 93-53. За безмалку 30 минбути во игра, Месеман постигна 15 поени, 13 скока и 10 асистенции за индекс 38, повисок од цела репрезентација на Србија (33).
„Многу сакам да ја менувам историјата, без разлика дали станува збор за репрезентацијата или како сега, на индивидуален план. Прекрасно се чувствував поради радоста и среќата на сите мои соиграчи“, изјави Месеман по натпреварот.
Асистенцијата за трипл дабл, таа ја оствари на околу 85 секунди пред крајот, кога натпреварот веќе беше решен, а половина минута подоцна го напушти теренот со овации од трибините и останатите кошаркарки на белгиската репрезентација.