Историјата ја пишуваат победниците, а тоа НЕ е Гонзага

0Shares
0 0

Универзитетот Бејлор е освојувач на титулата во НЦАА лигата за сезоната 2020/21. Во финалето во Индијанаполис, универзитетот од Тексас го победи единствениот непоразен тим Гонзага со 86-70 и стигна до првиот шампионски трофеј во својата историја.

Бејлор го скрши ривалот со гранитната одбрана бидејќи го ограничи на само 70 поени што е негов најлор ефект сезоната, имајќи предвид дека просечно постигнуваше по 91,6 на натпревар. Гонзага пропушти можност да стане првата екипа по 1976 година која ја освоила титулата во НЦАА без ниеден пораз.

Новиот шампион беше предводен од Џаред Батлер кој постигна 22 поена со четири тројки од девет шута и седум асистенции. Двоцифрен ефект имаа уште Масио Тиг (19), Давион Мичел (15), Адам Флеглер (13) и Марк Витал (11).

Кај Гонзага, херојот од полуфиналето Џејлен Сагс постигна 22 поена, а по 12 забележаа Дру Тим и Кори Кисперт.

0Shares
0 0