Историски триумф на Бадел, Баскет Кам уште чека

0Shares
0 0

По 32 пораза во низа, македонскиот вицешампион Бадел, конечно, се израдува на триумф во ВАБА лигата.

Прва жртва на нашиот тим, кој ја игра четвртата сезона во регионалното натпреварување, беше тимот на Бановичи кого како гостин го совлада со 70-57. Бадел одлично го почна натпреварот, по водството на домаќинот од 6-3, македонскиот претставник постигна 19 поени во низа за водство од 22-6, за на полувреме да биде уште поубедливо – 38-20. По сето тоа, второто полувреме остана само формалност.

Ивана Кметовска одигра уште еден извонреден натпревар, постигна 24 поени, но имаше помош од Стојановски која реализира 18 и Димова со дабл-дабл од 16 поени и 10 скока.

За разлика од Бадел, Баскет Кам доживеа уште еден пораз, сега на гостувањето кај Триглав, со 54-82. Домаќинките беа доминантни од почетокот, рано создадоа двоцифрена предност и ја сочуваа до крајот.

Адамс и Алексиќ со по 18 поени беа најефикасни во екипата од Македонска Каменица која и идната недела ја очекува тешка задача, против лидерот Будуќност.

0Shares
0 0