Екипата на Задар го победи Сплит со 82-75 во првиот меч од осмото коло во АБА лигата, но натпреварот го одбележа Лука Божиќ.
Соиграчот на Адем Мекиќ од Задар стана трет играч со трипл дабл во историјата на АБА лигата и со тоа го потврди својот квалитет кој го демонстрира веќе втора сезона во регионалното натпреварување. Минатата беше прогласен за МВП на годината, а сега им се придружи на Честер Мејсон и Феликс Којадиновиќ кои досега беа единствени со трипл дабл во АБА.
Сепак, ако се спореди нивниот ефект со овој на Божиќ, хрватскиот кошаркар е далеку напред затоа што против Сплит постигна 28 поени, 14 скока и 10 асистенции за индекс 47, највисок во АБА лигата оваа сезона. Неколку пати досега на Божиќ за малку му бегаше трипл дабл, но сега ја искористи шанса и го запиша своето име во историјата на АБА.
Кога станува збор за првите двајца кои остварија трипл дабл, Мејсон стигна до ова остварување со 12 поени, 11 скока и 10 асистенции, а Којадиновиќ со 12 поени, 12 асистенции и 10 скока.