Историски меч во Чаир: Нацевски оствари трипл дабл, Глигоријевиќ со 30 скока и индекс 61

0Shares
0 0

Дуелот од плејаутот во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир и Куманово донесе неколку историски моменти.

Триумфираа кумановци со 110-101 за спас на својата чест, но натпреварот го одбележаа играчите на оваа екипа Даниел Нацевски и Стеван Глигоријевиќ. Нацевски влезе во ретката група кошаркари во историјата на македонската кошарка кои оствариле трипл дабл на еден меч, реализирајќи 20 поени, 10 скока и 10 асистенции. Пред Нацевски, трипл дабл во македонското првенство остварија уште: Едис Нури, Димитар Караџовски, Горан Самарџиев, Горан Главчев, Тони Симиќ, Никола Караколев, Предраг Самарџиев, Адем Мекиќ, Ејасу Ворку и Мек Смит Меквејн.

Ефектот на Глигоријевиќ е можеби со уште поголемо значење од оној на Нацевски. Центарот на Куманово ги одигра сите 40 минути и постигна 29 поени и 30 скока со индекс 61. Нема прецизна статистика за сите натпревари од осамостојувањето на Македонија, но не е исклучено ова да е апсолутен рекорд по бројот на остварени скокови и индекс во Првата лига.

И на спротивната страна се истакнаа двајца кошаркари. Реџа го заврши натпреварот со 33 поени и 12 скока, а Рушити постигна 19 поени и 11 асистенции.

0Shares
0 0