Женската кадетска репрезентација на Германија го одбележа денешниот ден на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Подгорица.
Во натпреварот од четвртото коло во групната фаза, Германките ја демолираа Норвешка, совладувајќи ја со 131-26. Норвешка, очигледно, е најслаба репрезентација на првенството бидејќи во досегашните три кола доживеа исто толку порази, со 43, 30 и 29 поени разлика.
Денеска против Германија, Норвежанките имаа дури 52 загубени топки, шут од игра 8/57 и вкупен индекс -42. Интересно е тоа што во победничкиот состав ниедна кошаркарка не постигна повеќе од 16 поени, а Германките имаа 71 скок, 37 асистенции и 34 украдени топки со шут од игра 55/107.