Ивана Кметовска испиша историја во македонската кошарка

0Shares
0 0

Центарот на Бадел, Ивана Кметовска стана прва македонска кошаркарка во историјата која го добила признанието за МВП на колото во ВАБА лигата,

Таа имаше фантастичен настап на гостувањето кај Партизан, каде Бадел триумфираше со 73-70, постигнувајќи 31 поен што е клупски рекорд во ова натпреварување и 14 скока, за индекс 39. Скопскиот тим во Белград ја оствари втората победа во ВАБА лигата, повторно на гостински терен, откако пред неколку недели триумфираше кај Бановичи.

Кметовска, која игра фантастично оваа година, стана и прв играч на Бадел со признанието за најкорисна кошаркарка на колото во ВАБА.

0Shares
0 0