Ивановиќ ги препороди „црвено-белите“: Звезда гази пред вечното дерби

0Shares
0 0

За само десетина дена, Душко Ивановиќ направи серија од четири победи како тренер на Црвена Звезда и буквално ја воскресна „мртвата“ екипа од Белград.

Три од овие четири победи дојдоа во неизвесна завршница и сите три во Евролигата каде, пред да дојде црногорскиот стручњак, Звезда имаше само еден триумф. Асвел го победи во драматичен финиш, Алба во Берлин по продолжение, а велерва го преживеа последниот напад на Макаби и го совлада со 69-68.

Тимот од Тел Авив имаше повеќе од 20 секунди за да организира акција за победа. Првиот обид го прекина Никола Ивановиќ, останаа девет секунди во кои трагичар беше Лоренцо Браун затоа што премногу бавно го водеше нападот, па беше принуден да шутира од неизградена позиција од која, се разбира, промаши.

Натурализираниот шпански репрезентативец со тоа го поништи ефектот кој го имаше претходно затоа што постигна 23 поени и беше најефикасен на теренот. Кај Звезда, прв стрелец беше Недовиќ со 12 поени. Макаби за една недела загуби во Белград од двата српски претставника во Евролигата и можно е утре да излезе од плеј-оф зоната.

За Црвена Звезда ова беше генерална проба пред големото дерби против Партизан во рамките на АБА лигата, прво оваа сезона, сметајќи ги сите натпреварувања.

0Shares
0 0