Избрканиот од Куманово се пресели во Словенија

0Shares
0 0

Довчерашниот играч на Куманово, Џонатан Холмс до крајот на сезоната ќе го носи дресот на словенечкиот прволигаш Шенчур, објавија тамошните медиуми.

Крилниот центар дојде во Македонија како голема ѕвезда со оглед на тоа што во својата кариера играл во Барселона, а во подготвителен период настапувал и за Лос Анџелес Лејкерс. Сепак, трите години пауза од професионална кошарка придонеле тој да доживее голем пад во формата, па не ги оправда очекувањата и најавите.

Со него во тимот, Куманово беше во серија од седум порази во домашното првенство и на делба на претпоследната позиција на табелата. Шенчур е лидер во словенечкото првенство, но со натпревар повеќе од Крка и Домжале, па, теоретски, би можел да падне на третото место. Освен тоа, во овој дел од сезоната, во шампионатот не игра Олимпија.

0Shares
0 0