Рускиот кошаркар Алексеј Швед, конечно, ги откри причините поради кои беше претепан во ресторан во Москва пред две недели.
Играчот на ЦСКА беше тешко повреден, докторите едвај го спасиле неговиот живот, а од пред неколку дена е пуштен на домашно лекување. Причините поради кои бил така брутално претепан се запрепастувачки.
„Тие момци се обложиле на ЦСКА, вложиле многу пари и ги загубиле. Во ресторанот, неколку од нив ја забележаа сопругата, па мене, беа многу непријатни, зборуваа одвратни работи, не обиколија, а на помош им дојдоа уште неколку лица.
Не сакав да се тепам, ѝ реков на сопругата да си одиме, но тие не опколија, почнаа да ме шутираат по нозете, да ме удираат по главата и во грбот, не ни видов кој се ме тепаше. Кога ме однесоа в болница, ми направија преглед на главата, повредите се тешки, но заздравувањето тече добро“, откри Швед во интервју за една руска телевизија.
Крајно неверојатно делува дека за ова се обвинети три момчиња на возраст од само 17 и 20 години, а им се заканува затвор до 12 години. Интересно е тоа што тој подоцна имал телефонски контакт со напаѓачите, но тие не само што не му се извиниле, туку уште повеќе го навредувале и му се заканувале. Менаџерот на Швед минатата недела изјави дека се уште е неизвесно дали неговиот клиент повторно ќе заигра кошарка поради тешките повреди на главата.
ЦСКА доживеа пораз во полуфиналето од ВТБ лигата од Локомотив Кубан и играше во борбата за третото место каде беше подобра од Зенит со 4-1.