Покрај сите репрезентации кои се соочуваат со играчки проблеми, ни Израел нема да биде комплетен на олимписките претквалификации.
Во тимот нема да биде можеби најдобриот кошаркар на оваа селекција Дени Авдија кој доживеал ситна повреда на колкот за време на еден тренинг со националниот тим по што Вашингтон Визардс му забранил да игра. Според информациите во израелските медиуми, таму отпатувал кондицискиот тренер на Визардс, Карлос Бустамарте кој ја констатирал повредата и донел одлука Авдија да не настапи на претквалификацискиот турнир.
Пред овој момент, јасно беше дека Чешка ќе биде без првите ѕвезди Томаш Саторански и Јан Весели, а дури шестмина кошаркари го откажаа учеството на претквалификациите за естонската репрезентација.
Израел е прв противник на Македонија на турнирот, а натпреварот е закажан за 12 август од 18 часот.