Денеска во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига.
Во првото коло, кое е планирано да се игра од 27 септември до 1 октомври, ќе има неколку интересни дуели меѓу кои вниманието го привлекува скопското дерби меѓу Работнички и ТФТ. Двете екипи од западниот дел на Скопје претходните сезони имаа неколку неизвесни пресметки, па се очекува таква да биде и онаа во првото коло.
Интересно треба да биде и во Гостивар каде домашниот тим ќе го пречека лутиот ривал Пелистер. Свој дуел уште во првото коло ќе имаат двата нови прволигаши Вардар и Охрид.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Гостивар – Пелистер
Академија ФМП – Еуро Никел
Чаир – Феникс
Кожув – МЗТ Скопје
Работнички – ТФТ
Вардар – Охрид