Јагодиќ-Куриџа и Дангубиќ ја спасија Србија од голем срам

0Shares
0 0

Поранешниот светски и европски шампион со минимална победа ги почна квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.

Србија славеше со 101-100 против Летонија на домашен терен, во меч во кој беше фаворит, но само поради името, со оглед на тоа што играше со „трета“ екипа и само со Милош Теодосиќ од оние кои, евентуално, би настапиле на Светското првенство. Летонците беа во поголемиот дел од натпревар, во последната четвртина имаа и +7 (86-79), но не издржаа до крајот.

Пресвртот го иницираше Немања Дангубиќ со седум поени по ред, вклучувајќи едно забивање и една тројка. Во финишот му се приклучи Милош Теодосиќ кој погоди четири слободни фрлања, а точка стави Јагодиќ-Куриџа кој исто така имаше неколку важни кошеви, како и клучното слободно фрлање за конечен резултат на помалку од три секунди пред последниот звук на сирената.

На крајот Теодосиќ беше најефикасен со 21 поен, го следеа Аврамовиќ со 17, Јагодиќ-Куриџа со 16 и Смаилагиќ со 15. Ка Летонците, Ломаж постигна 33 поени, а по 17 имаа Бертанс и Гразулис.

0Shares
0 0