По серијата од пет победи на стартот, Вашингтон Стејт Универзитетот загуби од Источен Вашингтон со 71-76 за прв пораз во новата сезона.
Кугарс имаа комотна предност по првото полувреме, водеа со 40-28 и ги имаа сите услови да ја продолжат победничката серија. Противникот се надмина во продолжение, во вториот дел постигна 48 поени и ја оствари третата победа во шестиот натпревар сезонава.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски беше слика на играта на неговиот тим. Сите седум поени ги постигна во првото полувреме, реализирајќи една тројка и 4/4 од линијата за слободни фрлања. Сепак, речиси во сите статистички категории беше над својот просек, а на теренот помина 27 минути, најмногу оваа сезона.