Вашингтон Стејт Универзитетот ја оствари деветтата победа во сезоната откако триумфираше на гостувањето во Солт Лејк Сити, против Јута Јутс со 77-61.
Иако не беше стартер, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра 31 минута, заедно со Флауерс најмногу во својата екипа. За тоа време, нашиот кошаркар постигна 10 поени (3/5 за три, 1/2 од линијата за слободни фрлања), 7 скока и 2 украдени топки.
По 15 одиграни натпревари оваа сезона, Вашингтон Стејт се наоѓа на шестата позиција во Пацифик 12 дивизијата.