Јаничиќ фантастичен, Партизан Водно Санс стартуваше со победа

0Shares
0 0

Поради откажувањето на една екипа, организаторот на завршниот турнир од Европската младинска кошаркарска лига (EYBL) беше принуден да направи промена на групите и на распоредот, па македонскиот претставник Партизан Водно Санс денеска го почна својот настап.

Турнирот се игра во Финска, а нашиот тим за противник го имаше домашниот Ура Баскет. Овие две екипи се единствени во групата поради што ќе играат двомеч. Првиот дуел се играше денеска и Партизан Водно Санс славеше со 77-57.

Клучни беа втората и третата четвртина во кои кадетите на Горан Андреевски примија вкупно 17 поени, а постигнаа 38. Со тоа го скршија отпорот на противникот и дојдоа до убедлив триумф.

Во одлично издание повторно се претстави Никола Јаничиќ кој освен што беше најефикасен со 24 поени, оствари уште 10 скока, 7 украдени топки и 7 асистенции за индекс 35. Двоцифрени беа уште Лазов, Маријановиќ и Ивановски со по 12 поени.

Вториот меч против Ура Баскет, Партизан Водно Санс го игра утре од 16 часот.

Фото: Клеј Бутемер

0Shares
0 0