Јаничиќ во идеалната петорка на турнирот во Печ

0Shares
0 0

Големиот талент на македонската кошарка Никола Јаничиќ доби големо признание на турнирот од Европската младинска лига (EYBL), за кошаркари родени 2007 година и помлади, што се одржа во Печ.

Тој доби место во идеалната петорка на турнирот што е апсолутно заслужено ако се имаат предвид статистичките параметри. На четирите меча во Печ, Јаничиќ постигна 145 поени (36,25 по натпревар) и 73 скока (18,25 по натпревар) што е неверојатен ефект, дури и покрај тоа што станува збор за можеби најдобриот играч во земјава на својата возраст.

Со оглед на тоа што Јаничиќ беше избран во идеалната петорка на турнирот, награда има и за Лука Марјановиќ кој е прогласен за најдобар играч на Партизан Водно Санс. И тој имаше бројки за респект: 105 поени (26,25 по меч) и 41 скок (10,25 по меч).

0Shares
0 0